Сојузот на тутунари задоволен од зголемените субвенции и очекува нивна исплата по законскиот крај на откупот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сојузот на тутунари задоволен од зголемените субвенции и очекува нивна исплата по законскиот крај на откупот

Сојузот на тутунопризводители ја поздрави одлуката на Владата за зголемување на субвенците на тутунопроизводителите на 80 денари од килограм за прва, 70 денари од килограм за втора и 60 денари од килограм за трета и четврта клас,. Првиот човек на Сојузт, Кире Неделкоски вели дека ова е особено значајно затоа што е во година која беше добра за тутунарте кои со зголемените субвенции ќе имаат достоинствени приходи а ќе придонесе и за зголемен интерес и за поголемо но и поквалитетно производство:

-Според проценките на Сојузот имаме некаде околу 9 милиони килограми откупени во прва класа, 13 милиони килограми тутун откупени во втора класа,  1,5 милиони килограми во трета класа и само 200 тони во четврта класа. Посебно сакам да го истакнам задоволството што зголемувањето на субвенциите важи за реколтата 2017-тта. Сигурен сум дека сето ова ќе го зголеми интересот за производство на тутун  за годинашната реколта.

Минатогодишната реколта 2017-та според постигнатата просечна откупна цена од 217,5 денари е сигурно најдобрата кога се во прашање тутунарите, а во поглед на приносите, иако законскиот рок е 15-тти март, а главно најголем дел од родот е преземен, количините од 23.500 тони откупен тутун се меѓу најголемите.

Неделкоски ги повикува тутунарите да не брзаат со склучување на нови договори:

-Остваруваме средби со откупувачите и имаме официјални барања доставени до нив. Да достават до нас како Сојуз предлог на договори. Бараме зголемување на цените и доближување на разликата на цената од класа до класа.  Затоа ги замолувам сите тутунари да не брзаат со предавање на белите картони и склучување на договори затоа што сеуште 9-тте откупувачи ги немаат доставено договорите со откупните цени за оваа реколта 2018-тта.

Неделкоски очекува дека по истекот на законскиот рок за откуп, набрзо би почнала и исплатата на субвенциите:

-Крајниот законски рок за завршување на откупот е 15-тти март и очекуваме дека по 15 март Платежната агенција ќе почне со собирање на податоците и ќе почнат со исплаѓање на субвенците.

Проценките се дека од произведените 23.500 тони тутунарите ќе инкасираат околу 80 милиони евра, а на име субвенции од државниот буџет ќе им бидат исплатени околу 28 милиони евра, што значи дека за реколтата 2017-тта околу 23.000 тутунари би инкасирале околу 108 милиони евра.

Неделкоски најави дека за следната реколта, со измените на законската регулатива и правилникот за откуп, нема повеќе тутунарите да вадат бели картони, туку директно ќе склучуваат договори со откупувачите, како и други поволности во интерес на нивна поголема заштита.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...

Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци ...