Со автомобил удрил во ѕид: Две лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Со автомобил удрил во ѕид: Две лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, во Скопје, на крстосницата од ул. „Ѓорги Капчев“, ул. „Ѓорги Капчев-23“ и ул. „Ѓорги Капчев-16.

Во неа учествувале „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од Скопје и автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т. (21)  од Скопје.

Според информациите на МВР, возилото фиат Пунто удрило во метална ограда со бетонски ѕид.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот Н.М. и сопатникот во возилото фиат Пунто, М.Д. (23) од Скопје. Тие  со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Скопје, каде од страна на лекар кај Н.Т. биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, додека кај М.Д. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...