Со измени во Законот за култура ќе се штити буџетот од штетни менаџерски договори

На владината седница усвоен е Предлогот за измени и дополнувања на Законот за културата, по скратена постапка, со цел да се овозможи ефикасна работа на директорите во установите, голема ефикаскост на инспекциски надзор за избегнување злоупотреби и за поголема контрола на финансиските последици што ги предизвикуваат одредби од законот.

Со измените ќе биде заштитен Буџетот на РМ од штетните менаџерски договори на раководни лица во културни институции. Според информацијата споделена на владината седница, штетите по Буџетот на Република Македонија, по однос на постоечките менаџерски договори, според досегашните увиди, се во милијарди денари.

Усвоен е и предлог за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, којшто предизвикува нерамноправен односи и третман на уметниците во Македонија.

Владата го усвои и Предлогот за именување и дополнување на законот за употреба на Македонскиот јазик, со којшто во Македонија се враќа постапката за стекнување лиценца за лектори, прекината во 2013 година.

Владата на РМ, донесе согласност да се поддржи Општина Чаир и да се довршат дополнителните работи на спомен обележјето, плоштад Скендер-Бег. Средствата за исплата на изведувачите ќе бидат предвидени со Буџетот за 2018 година, со оглед дека не биле предвидени пари за оваа намена во Буџетот за 2017 година.

На седницата, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за ратификување на Договорот од Париз за климатски промени. Станува збор за ратификација на договор што треба да придонесе кон заштита на животната средина, за којшто постапка била почната, но не се реализирала.

Донесена е одлука Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави до Министерството за надворешни работи оригиналниот текст на Договорот од Париз, со предлог за покренување постапка за ратификација на Договорот од Париз и образложение, најдоцна во рок од 15 дена.

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close