Со мерцедес низ Македонија, ама не со оној на Груевски

OD-BF278_RUMBLE_P_20150205123128

Со мерцедес купен за нешто над 500 евра,  низ Македонија деновиве тргнуваат активисти на невладината органзиација „Аква“ од Струга. Нивната мисија е да ги прашат луѓето, особено оние од посиромашните краишта, дали слушнале за еден друг мерцедес што чини стопати поскапо, купен од парите на граѓаните, за потребите на премиерот.

Според Димитри Голабоски,со овој стар мерцедес активистите планираат да ги посетат и најзафрлените делови на Македонија и да ги прашаат граѓаните дали парите за скапиот државен мерцедес може да се искористат за подобри цели.

„Бевме фрапирани од сумата од 575.000 евра потрошени за едно возило, според оние телефонски разговори кои протекоа во јавноста. Сакавме да видиме како е и ние да купиме еден стар мерцедес, да го брендираме во тој стил, со оние делови во снимките во кои беше најчество зборувано во шифри, односно она на М. Тоа на М се однесуваше на мерцедесот“, рече Голабоски.

Според објавените прислушувани разговори, мерцедесот го набави МВР за потребите на премиерот и високите државни личности кои доаѓаат во посета на државата. Тоа е високолуксузна класа на автомобил, што според описите на поранешната министерка за внатртешни работи, Гордана Јанкуловска има масажери на секое седиште, телевизори, клими, сараунд систем, се’ во рамките на најлуксузната класа што го има Мерцедес.

Овој мерцедес што го набавија струшките активисти е далеку поскромен, ама како што велат, ќе послужи за намената.

„Сега е многу лесно да набавиме од оние мобилни таблети, клима ќе имаме природна бидејќи е многу старо возилото. Го подготвивме да издржи барем едно патување низ Македонија и да видиме каков одзив ќе добиеме од оние граѓани кои немаат можности да дојдат на протести и да си го кажат мислењето“, вели Голабоски, кој најавува и посета на неколку по малку заборавени херои на нашето време.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...