Со пари од проектот „Скопје 2014“ ќе се поставуваат енергетски ефикасни фасади – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Со пари од проектот „Скопје 2014“ ќе се поставуваат енергетски ефикасни фасади

Енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје ќе бидат изградени со средствата од проектот „Скопје 2014“, најави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој рече дека станува збор за 70 милиони денари, а реконструкцијата на средните училишта е планирана да почне на 10  јуни и да трае до почетокот на новата учебна година.

„Со реконструкцијата на фасадите ќе ги опфатиме сите средни училишта коишто имаат потреба од тоа. Со ова училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Покрај реконструкција на фасадите предвидена е реконструкција на покривите и на надворешната столарија, таму каде што е потребно. Висината на средствата за оваа намена, предвидени во буџетот на Град Скопје изнесува 70 милиони денари. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата што беа предвидени за ‘Скопје 2014’“ рече Шилегов.

Тој додаде дека годинешниов буџет на Град Скопје за образование е двојно зголемен во споредба со лани, односно од 81,2 милиони денари на 163,2 милиони денари.

Покрај енергетски ефикасните фасади, Шилегов најави дека ќе бидат поставени филтри за воздух во секоја училница во вкупно 23-те средни училишта.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...