Со прострелни рани од огнено оружје се здобиле неколку гости на семејни веселби во полошко викендов – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Со прострелни рани од огнено оружје се здобиле неколку гости на семејни веселби во полошко викендов

Викендов полицијата регистрираше неколку повредени лица кои се здобиле со прострелни рани на семејни веселби каде било користено огнено оружје.

Вчера околу 14 часот и 45 минути 58 годишник од Гостиварска Долна Бањица кој учествувал на семејна веселба, која се организирала во двор на улица „Мара Угринова“ број 52 во Гостивар, испукал еден куршум од огнено оружје, кој се одбил од асфалтната површина и го повредил 31-годишниот Ц.Ѓ. од Тумчевиште.

Со прострелна рана во пределот на брадата, тој е пренесен е во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, префрлен е на скопските клиники каде се наоѓа надвор од животна опасност.

Од заталкан куршум испукан на семејна весеба во Сараќино беше повредена и 57 годишна жена во тетовско Сараќино.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, вели дека полицијата ќе ги засили контролните активности за навремено спречување на употреба на огнено оружје, дело за кое е предвидена затоврска казна.

Од Полицијата апелираат граѓаните од Полошкиот регион, огнометите задолжително да ги пријавуваат во најблиските полициски станици, а нивните организатори однапред да ги применат сите законски предвидени заштитни мерки, со цел да не се доведе во прашање безбедноста на животот и да не се загрози имотот на присутните.

 

Би те интересирало и

Маж тешко повреден во сообраќајка на локалниот пат село Грешница – Кичево

Четириесет и четиригодишен маж од селото Грешница се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна ...

Приведен крадецот кој ограби аптека во Маџари

Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец ...