Со работилница за современата уметност, започна 11-то издание на фестивалот ПОП АП АКТО во Тетово

работилница акто

Дводневното дружење на уметниците, првенствено од Балканот, годинава го овозможува центарот за балканска соработка Лоја од Тетово. Иако фестивалот во изминатата декада традиционално се одржуваше во Битола, годинава доживеа четирикратно расчленување во Штип, Скопје Битола и Тетово. И покрај тоа што според организаторите и според публиката е интересно фестивалот да го има насекаде (оттаму и наставката ПОП АП – Покажи се), сепак позади ваквата одлука за годинешното издание лежат сепак, политичи мотиви. Имено она што до лани беше дел од официјалната програма на културни настани во општина Битола, од годинава веќе не е! Едноставно локалните власти, како што информираат организаторите на фестивалот Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава не само што не овозможиле сретства, туку не дозволиле и простор за одржување на ПОП АП во матичната Битола, со образложение дека фестивалот едноставно не бил дел од националната програма на општината а со тоа и на државата! Сепак, ПОП АП – Акто, годинава продолжи од Скопје, Штип и сега завршно од Тетово и го заокружува 11тото по ред издание. Станува збор за фестивал, првенствено посветен на современата уметност, мултимедија, соработка и комуникација на уметници не само од регионот туку и од пошироко.

Во набиената дводневна програма, колку што е времетраењето на овој настан, денес публиката имаше можност да се запознае со неколку интересни уметници и луѓе посветени на уметноста и културата кои дадоа свој придонес и печат во она што утре ќе биде историја на ПОП АП.  Така во рамките на работилницата што фестивалот ја организираше во соработка со факултетот за уметност при државниот универзитет во Тетово, предавања одржаа Ноа Трајстер и Вахида Рамујќиќ од Белград, еминентни познавачи на современите уметнички текови и ментори кои ги пленија младите студенти и љубители на уметноста, учесници во предавањето.

Акцентот можеби беше ставен на јавната дискусија, одржана во предвечерието (19.30) насловена Уметност за промени, а во која како тема фигурираше одговорноста на уметникот во време на општествена и политичка криза. Интересно е што дискусијата замислена како дијалог – интервју остави добар впечаток кај присутните, беше дури и забавно, па така како двојки соговорници ги видовме Данило Прњат наспроти Албан Муја, првиот уметник од Белград, вториот од Приштина, а пото и театарскиот режисер од Тетово Бујар Лума, наспроти Искра Гешоска, културен теоретичар од Скопје.

Првиот фестивалски ден зенитот го постигна со претставата Да ми го поздравиш и да ми го бациш на режисерката Билјана Радиноска, која наиде на добар прием кај присутната публика.

Завршницата беше резервирана за ревијална програма, во која три бендови, Џун од Скопје, аакепурдат од Тетово и Блерта Косова од Приштина со настап од еден од тетовските клубови, ја заокружија програмата на првиот фестивалски ден.

ПОП АП – АКТО продолжува и денеска со не помалку интересни содржини. Можеби дводневното траење на фестивалот е кусо, но сепак обемно по содржините и пораките што ги праќа…

Додади коментар

Би те интересирало и

„Македонија и Македонците во Првата светска војна” – изложба во Воениот музеј во Виена

Во Воениот музеј на Австрија во Виена, вчера беше отворена изложбата „Македонија и Македонците во Првата ...

Промоција на роман на Миљенко Јерговиќ

Романот „Рута Таненбаум“ од Миљенко Јерговиќ ќе биде промовиран на 30 мај, во 17 часот, ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger