Со ребалансот на буџетот обезбедени средства за укинување на радиодифузната такса – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Со ребалансот на буџетот обезбедени средства за укинување на радиодифузната такса

Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Она што нам ни беше важно е да направиме вистинска анализа на буџетот и да и’ погледнеме на реалноста во очи. Оние проекти и ставки кои во буџетот биле ставени само колку да бидат ставени кажавме дека не е можно да се спроведат. Од друга страна, во голема мера скративме голема мера на непродуктивни трошоци. Најголемите кратења се на кабинетот на премиерот. Скративме на репрезентативни трошоци во сите министерства“, одговори Манчевски на новинарско прашање за тоа дали по ребалансот на буџетот ќе има доволно пари и што се планира за следниот период.

Според него, како ќе се воведуваат нови мерки во следниот период, така ќе биде информирана јавноста.

Би те интересирало и

Околу 40 милиони евра за нови 80 километри гасовод

Речиси четириесет милиони евра ќе ја чини државата изградбата на новата гасоводна мрежа. Ова го ...

Само 27 отсто од компаниите во Македонија се сопственост на жени

Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се ...