Со чип наместо билет се вози во шведска железница

Патниците купуваат билети на вообичаен начин, со пријава на интернет или преку мобилна апликација, а нивниот членски број е поврзан со чипот.

Биометриски чип вграден во рака наместо класични билети можат да земат шведските граѓани кои сакаат да се возат со тамошната железница.

Единствен услов за граѓаните да ја добијат оваа картичка е тие да имаат веќе поставен имплант. Малиот чип функционира на ист начин како и бесконтактни банкарски картички за да им се овозможи на кондуктерите скенирање на раката.

Речиси 2.000 Швеѓани моментно имаат имплант, а најголем број од нив работат во технолошката индустрија и можат да ја користат оваа иновативна верзија на билет.

Во СЈ очекуваат 200 луѓе да го преземат микрочипот, но сите мора да бидат регистрирани како членови на програма на верност.

Патниците купуваат билети на вообичаен начин, со пријава на интернет или преку мобилна апликација, а нивниот членски број е поврзан со чипот.

Превземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Единственото село во светот без улици

Дали некогаш сте посакале да избегате надвор од градот и да најдете мир во некое ...

Топло уживање во сината спа магија на Исланд

Исланд е островска земја без копнени граници во северниот Атлантик, помеѓу Гренланд, Норвешка и Британските ...