Со 67 потписи се очекува Заев денеска да го побара мандатот од Иванов

Првиот човек на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев денеска се очекува да ги поднесе потписите за составување Влада кај претседателот на државата, Ѓорге Иванов и од него да го побара мандатот.

СДСМ ги доби потписите од сите албански политички партии, но нема јасен одговор од ДУИ дали ќе формираат заедничка влада, а постојат две опции во игра, учество во влада со договор за коалицирање или преминување во опозиција со поддршка на малцинска влада.

Од кабинетот на Иванов пак велат дека нема никаква најава дека денес некој ќе го побара мандатот.

Немаме никаква најава од СДСМ, ниту пак од Собранието дека утре некој ќе го бара мандатот со обезбедени најмалку 61 пратенички потпис, брифираат од кабинетот на претседателот на државата по најавите дека утре Зоран Заев, лидерот на социјалдемократите, ќе го побарал мандатот од претседателот Иванов – стои во реакцијата, а пренесе порталот МКД.мк.

Преземено од: МКД.мк

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...