Спасовски по исказот во ОЈО: Одговорност за сите кои влегоа насилно во Собранието

Покрај лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски од оваа партија исто така денеска беше сослушан во Основното јавно обвинителство, каде даде свој исказ за нападите од 27-ми април во Собранието.

„Дојдов овде да дадам изјава за случувањата во крвавиот четврток на 27-ми април во Собранието на Република Македонија. Очекувам Јавното обвинтелство многу сериозно да се зафати со овој настан кој всушност беше уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Очекувам одговорност да се бара од сите, и од оние кои влегоа внатре со намера да убијат, но и од припадниците на МВР кои не постапија по службена должност и не го заштитија Собранието“, изјави тој.

Исказ за нападите во Собранието даде и Радмила Шекеринска, која замина со заедно со Спасовски, но не даде изјава на новинарите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close