Спасовски: 16.000 денари минимална плата во текстилната и кожарската индустрија

15231456_1155152341199551_125153889_o

Носителот на листата за пратеници на СДСМ од изборната единица број два Оливер Спасовски најави дека приоритетот на „програмата за живот“ ќе биде зголемување на минималната плата како и решавање на проблемот со стечајните работници.

“Во првите 100 дена ќе го решиме проблемот со стечајните работници , за да и тие го добијат заслуженото, ќе им се одолжиме за сите години неправда”- рече Спасовски .

За пензионерите Спасовски вели дека законски им селдува два пати годишно зголемување на пензиите. А за сите кои немаат доволно работен стаж, воведување на социјална државна пензија.

“Минималната плата во текстилната и кожарската индустрија мора да биде 12 000 денари, за да до крајот на мандатот ја зголемиме до 16 000 денари . работниците од овие институции со години се дискриминирани и земаат помалку од законски пропишаната минимална плата . за да ја постигнеме оваа мерка ќе ги помагаме компаниите со по 1 900 денари месечно за секој вработен”- истакна Спасовски и најави еднакви услови за домашните и странските фирми , директна финансиска помош за компаниите за отворање на нови работни места.



Додади коментар

Би те интересирало и

dik-670x447-47043-68631-1

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

36730434_302

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close