Спасувачот на Села, Аљими препозна двајца обвинети во судницата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Спасувачот на Села, Аљими препозна двајца обвинети во судницата

Собранискиот обезбедувач, Абдулфетах Аљими, кој е и еден од триесетте обвинети за ланскиот насилен протест во Собранието, денеска сведочи во скопскиот Кривичен суд за обидот за убиство на лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, кој се случи за време на овој протест.

фото: архива

,,Во прес центарот влегов една минута после толпата, фрлаа се’ и сешто. Тешко е да се опише тоа, ни во филм не сум видел луѓето да бидат толку насилни”, рече сведокот кој е вработен како обезбедување во Собранието.

Тој кажа дека имало едно лице кое сепак ја смирувало толпата што го напаѓала Зијадин Села. Сведокот го препозна ова лице во судница, посочувајќи го Александар Јаневски Тошта кој е еден од десетте обвинети за обидот за негово убиство. Сведокот денеска во судница го препозна и обвинетиот Ќире Ѓорѓиевски, за кого рече дека имал црна фантомка и стоел на стол кој бил поставен врз маса, командувајќи со рака кој да нападне. Аљими раскажа дека и тој бил удрен двапати по што ја изгубил свеста.

Откако се освестил, од прес центарот се упатил кон Клуб на пратеници, каде бил преместен Села за кого мислел дека веќе е мртов.

Денешниот сведок раскажа дека оттаму, Села го преместувале во повеќе простории, за на крај да го изнесат маскиран како полицаец.

-Додека го носевме викавме ‘имаме повреден полицаец’.

Во моментот е дадена пауза на рочиштето, по што треба да сведочи и пратеникот Мухамед Зекири.
Вања Мицевска

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...