„Спортот и семејните вредности“ по втор пат во СЦ „Борис Трајковски”

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ по втор пат ќе биде домаќин на манифестацијата „Спортот и семејните вредности”, проект во Агенцијата за млади и спорт, во соработка со спортскиот центар и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

На манифестацијата, која се одржува денеска на едно место ќе соберат познати спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности, а низ ревијални спортски натпревари ќе имаат можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со своите најблиски.

„Идејата на проектот е да овозможиме пред сè дружење и забава за целото семејство преку рекреативни и друштвени игри во кои сите ќе бидат победници, а ќе нема поразени. Очекуваме масовна посетеност, со што ќе овозможиме покрај забавата и дружењето, дечињата одблизу да ја почуствуваат атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси и со тоа да ги насочиме кон спорт и здрав начин на живот”, изјави Златко Перински, директор на „СЦ Борис Трајковски”.

На настанот предвидени се десет спортски и друштвени игри кои ќе бидат промовирани од нашите познати и врвни спортисти. За сите учесници предвидени се симболични спортски награди.

 

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...