Србија се враќа на СП, Хрватска во бараж, Исланд со историја – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Србија се враќа на СП, Хрватска во бараж, Исланд со историја

Александар Приовиќ постигна гол на 17 минути пред крајот на натпреварот, за Србија со 1:0 да го скрши отпорот на Грузија и да го освои првото место во групата Г во квалификациите за СП во Русија во 2018 и да обезбеди директен пласман.

На Република Ирска на гостувањето во Велс, исто така им беше потребен еден гол, на Џејмс Мекклин за да во директен дуел да го победат главниот ривал и да обезбедат место во баражот за СП.

Додека пласманот на Србите беше очекуван, Хрватска веќе ја отпишаа на гостувањето во Украина, посебно бидејќи таму патуваше со нов селектор, Златко Далиќ по ремито 1:1 со Финска, со кое го загубија првото место во групата.  Андреј Крамариќ постигна два гола за помалку од 10 минути за „коцкестите“ да обезбедат 2:0 победа над Украина и да го „грабнат“ второто место.

Во групата И на врвот со директен пласман за Русија се Исланѓаните, кои рутински со 2:0 го совладаа Косово во последниот меч. По историскиот успех на Евро 2016 во Франција, ова е првпат Исланд да игра на едно Светско првенство во фудбал.

ГРУПА Д

Молдавија – Австрија 0:1

Србија – Грузија 1:0

Велс – Република Ирска 0:1

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: 1.Србија 21, 2.Р.Ирска 19, 3.Велс 17, 4.Австрија 15, 5.Грузија 5, 6.Молдавија 2

ГРУПА  И

Финска – Турција 2:2

Исланд – Косово 2:0

Украина – Хрватска 0:2

КОНЕЧНА ТАБЕЛА:  1.Исланд 22, 2.Хрватска 20, 3.Украина 17, 4.Турција 15, 5.Финска 9, 6.Косово 1

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...