Средба Ахмети-Шолендил: Договорот од Скопје функционира со полн капацитет – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Средба Ахмети-Шолендил: Договорот од Скопје функционира со полн капацитет

ДУИ

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција,  Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово, го пречека амбасадорот на РепубликаТурција во Македонија г. Омур Шолендил.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и амбасадорот Шолендил разговараа околу последните политички случувања во Македонија, начините за надминување на кризата билатералната соработка меѓу Македонија и Турција,како и разменија мислења и заслучувањата во регионот.

Али Ахмети го објасни напредокот кон постигнување на договорот па се до враќањето на Собранието и откажувањето на изборите закажани за 5ти јуни годинава.

Лидерот на ДУИ истакна дека Договорот од Скопје продолжува да функционира со полн капацитет, додека Владата има за задача да ги спроведе потребните реформи од страна на меѓународната заедница и посака овој процес на договарање на реформите да биде сеопфатен.

Ахмети ја оцени позицијата на Турција кон политичката криза со која се соочува Македонија и изрази уверување дека дијалогот меѓу партиите треба дабиде во однос на враќање на безбедноста и стабилноста во земјата, додека спроведените реформи треба да создадат услови за спроведување на веродостојни избори.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...