Средба за правата на Ромите

Flag_of_the_Romani_people.svg

Тековните проблеми од здравствената и социјалната област и евалуацијата на напредокот во преземените активности на институциите по случаите каде се засегнати Ромите – се теми за кои денеска ќе се дискутира на третата средба на „Ромскиот граѓански парламент“, што ќе се одржи во Прилеп.

„Ромски граѓански парламент“ претставува организирана група од 40 неформални лидери од ромската заедница, кои водат грижа за колективните права на Ромите. Организатор на средбата е Здружението РОМА С.О.С. Прилеп.

Според програмата, на средбата предвидено е да се обрати министерот без ресор, Неждет Мустафа.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...