Средба на началниците на ГШ на АРМ и на Вооружените сили на Австрија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Средба на началниците на ГШ на АРМ и на Вооружените сили на Австрија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Австрија, генерал Отмар Коменда, кој од вчера престојува во официјална посета на Македонија, денеска ќе се сретне со началаникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски.

На средбата се очекува да стане збор за процесот на трансформација и структурата на АРМ, придонесот на АРМ во меѓународните мировни мисии, улогата на АРМ во справувањето со мигрантската криза и унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете армии во послето на силите за специјални операции.

Австрискиот началник на ГШ на Вооружените сили вчера се сретна со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а заедно со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, ја посетија и македонско-грчката граница во реонот на караулата „Богородица“.

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...