Средба Османи-Рот: Процесот на европска интеграција е откочен, Македонија е на вистинскиот пат

Во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба меѓу вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

„Германија е силен поддржувач на политиката за проширување на ЕУ и зачленувањето на земјите од Западен Балкан, што го покажа со иницирањето на Берлинскиот процес, посветен на поврзаност, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција. Тоа се потврди на последователните самити во Виена и Париз, и ќе продолжи со самитот во Трст оваа недела“, истакна вицепремиерот Османи.

Тој изрази очекување дека на самитот во Трст ќе се зајакне перспективата на Западен Балкан преку поддршката на агендата за поврзување и поддршката на инфраструктурните и проектите за енергетика, во чии рамки очекува и одобрување на нашиот инфраструктурен проект за Коридорот 8

Вицепремиерот Османи на средбата го запозна државниот секретар Рот и со „Планот 3-6-9“ во кој се содржани итните реформски приоритети на Владата кои ќе бидат спроведени во претстојниот период. Османи посочи дека спроведувањето на реформите и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада, и дека враќањето на патот кон ЕУ е неопходно, бидејќи евроатлантските интеграции на земјата остануваат стратешки приоритет на Владата.

Двајцата соговорници се оптимисти дека процесот на европска интеграција на земјата е откочен, и дека со посветеност ќе се надомести изгубеното време, за да продолжи земјата непречено да ги спроведува реформите за интеграција во ЕУ.

 

Преземено од: Нова Македонија

Додади коментар

Би те интересирало и

Ерjaвец: Хрватска не заслужува да влезе во Шенген зоната

Словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерjавец во писмо до Европската комисија наведува дека Хрватска ...

Тачи: Партиите што побрзо да изнајдат формула за формирање стабила Влада

Косовскиот претседател, Хашим Тачи за „Гласот на Америка“ изјави дека за доброто на земјата политичките ...

Close