Средниот бек останува во Германија: Миркуловски уште една година во Вецлар

Повратникот во дресот со националниот грб, Филип Миркуловски ќе го продолжи својот престој во Бундес Лигата, откако потпиша нов договор со Вецлар. Тој ќе го носи дресот на оваа екипа до јуни 2018 година. Од Вецлар изразија задоволство од потпишувањето на новиот договор – пишува денеска порталот, 24ракомет.

„Јас сум навистина среќен што Филип ја прифати нашата понуда. Тој е пример за професионалец и добра личност. Според мене, Филип е еден од најдобрите плејмејкери во лигата што се во сенка. Неговата улога во нашиот тим е огромна. Филип е лидер со големо интернационално искуство. Ние имаме голема помош од него, посебно во интегрирањето на новите играчи како што беше со Бенјамин Буриќ и Стефан Чавор. Забавно е да се работи со него“, изјави тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер.

Ниту македонскиот интернационалец не го крие задоволството од продолжувањето на соработката:

„Голема чест ми е да го носам зелено-белиот дрес на Вецлар. Овде одлично се вклопивме и јас и моето семејство. Имаме одлична атмосфера во тимот, што е многу важно за успех. Нашите тренери веруваат во нас и ние во нив. Имаме одлична сезона, во клубот се работи максимално професионално. На секој натпревар имаме одлична атмосфера и задно со навивачите може да ги оствариме нашите цели. Овде во Вецлар се создава голем проект и добро е што ќе продолжам да бидам дел од сето тоа“.

Миркуловски пред да се пресели во Вецлар беше дел од тимот на Хановер, а во нашата држава ги носеше дресовите на Македонија, Младост и Металург.

 

Извор: www.24rakomet.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Боречки вештини и за девојчиња

Можеби имате дилема дали своето девојче да го пуштите да тренира боречки вештини, затоа што ...

Манчестер Сити без голманот Клаудио Браво до крајот на сезоната

Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, односно последните ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger