Сретен Давидов е најдобриот млад научник за 2017 година – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сретен Давидов е најдобриот млад научник за 2017 година

Сретен Давидов, кој работи во полето на електротехниката, е прогласен за најдобар млад научник за 2017 година. Признанието „Најдобар млад научник“ денеска му го врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

„На мое големо задоволство дознав дека д-р Давидов се нафатил да придонесе кон решението на еден од најгорливите проблеми на нашиот град, а тоа е аерозагадувањето. Секоја година се гушиме во смогот што е последица на човековата неодговорност кон себе и кон животната средина. Тоа е сериозен предизвик што не може да се реши само со конвенционални политики и процедури кои произлегуваат од старата парадигма на неодржлив развој. Овој предизвик подразбира промена на парадигмата, а со тоа и промена на начинот на живот. Креативното решение што д-р Давидов го нуди се електричните возила, односно, ползувањето на чистата енергија – електричната енергија која не ја загадува околината“, рече Иванов по доделувањето на признанието.

За Давидов, признанието претставува верификација на неговата работа и доказ дека државата го цени тоа што го остварува. Тој  е вработен е како млад истражувач со звање асистент на Факултет за електротехника при Универзитетот во Љубљана. Автор е на четири научни труда и член на Институтот на инженери по електротехника и електроника, на СИГРЕ ‒ Комитет за големи електрични системи и ЦИРЕД ‒ Комитет за дистрибутивни електрични системи.

Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува по осми пат, по иницијатива на претседателот Иванов. Целта е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...