Сродна риба на пираната, пливa во Дојранско Езеро – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Сродна риба на пираната, пливa во Дојранско Езеро

dojranski pirani

Необична риба која не е редовен жител на езерото, деновиве била уловена во Дојран, според информации и слики кои неодамна беа објавени на социјалните мрежи.

Наводно се работело за пирана која каснала за рака еден од рибарите што успеал да улови ваква риба. Од Хидробиолошкиот завод од Охрид каде што концесионерот на езерото испратил примерок од рибата, велат дека станува збор за сродник на пирана, кој го нема во Европа и живее во аквариум, а не е месојаден вид, туку се храни со инсекти и растителни видови.

Според оваа институција, не може од слики од интернет да се утврди дали некој рибар е каснат од ваква риба. Градоначалникот на Дојран Борче Стамов се сомнева дека рибата е намерно пуштена во водите на езерото. Според концесионерот на езерото, фирмата „Фишилан“, досега се уловени две вакви риби. Рибарите и натаму ги фрлаат мрежите на истата локација од каде што биле фатени опасните риби, вели концесионерот, но во последните неколку дена не е повторно уловена злогласната пирана.

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...