Српската опозиција на протестот побара оставка на раководството на РТС – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Српската опозиција на протестот побара оставка на раководството на РТС

Најголемите српски опозициски партии и движења синоќа протестираа пред зградата на радио-телевизија Србија, барајќи оставки на раководството на јавниот сервис- на директорот на РТС Драган Бујошевиќ, од претседателот на УО Владимир Вулетиќ и од уредникот на информативната програма Ненад Љ. Стефановиќ.

Стотиците граѓани, на протестот побараа и почитување на медиумските стандарди и закони како и избалансиран третман на сите политички партии во известувањето.

Протестот траеше околу еден час.

На протестот пред зградата на РТС беа лидерите на 13 опзициски партии и движења, кандидати за градоначалник за Белград и познати јавни личност- Драган Ѓилас, Саша Јанковиќ, Борис Тадиќ, Зоран Живковиќ, Драган Шутановац, Вук Јеремиќ, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Санда Рашковиќ Ивиќ, Дуда Ивковиќ, Србијанка Турајлиќ, Синиша Ковачевиќ…..

Би те интересирало и

Со концерт на Рита Ора, Косово ќе ја прослави годишнината од независноста

Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации ...

Коѕијас на крајот на февруари ќе ја достави нацрт спогодбата за името на 20 страници

Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, ...