Српскиот министер за одбрана жали за умрениот војник на Криволак – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Српскиот министер за одбрана жали за умрениот војник на Криволак

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, упатил денеска телеграма сочуство до министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, по повод несреќниот настан на полигонот Криволак.

“Ме потресе веста за загубата на животот на припадникот на Армијата на Република Македонија при гаснење на пожарот на воениот полигон Криволак. За жал, овој трагичен настан ја покажа уште еднаш тежината и опасноста што ја има воената професија”, се наведува во телеграмата на Министерство за одбрана.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Умерен земјотрес на грчкиот остров Алонисос

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран на грчкиот остров Алонисос ...

Со концерт на Рита Ора, Косово ќе ја прослави годишнината од независноста

Косово денеска ја одбележува десетата годишнина од независноста, а граѓаните ќе прослават со повеќе манифестации ...