Српскиот разузнавач барал српски државјани во македонското Собрание

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ  изјави дека припадникот на српската Служба за безбедност  (БИА), Горан  Живаљевиќ во македонското Собрание ноќта кога во него упаднаа демонстранти, бил за да извести дали има српски државјани во нередите. Дачиќ вели дека Живаљевиќ не ги прекршил дипломатските протоколи, туку само си ја вршел својата работа.

-Не учествувал во кривично дело, само известуваше за ситуацијата во Македонија, бидејќи Србија мора да знае како таа ситуација може да се одрази врз националните и државните интереси, рече Дачиќ пред српските новинари.

Дачиќ рече дека официјалниот претставник на српската разузнавачка служба не бил во Собранието илегално, и при тоа истакна дека би сакал Македонија кон сите да има ист однос и кон западните и кон источните земји, кои праќаат свои луѓе да ја штитат безбедноста, објави Инсајдер.

Прашан со кој српскиот разузнавач влегол во Собранието, Дачиќ одговори:

„Е, да ви кажам јас сега“  и потоа прочита список со имиња на луѓе од Македонија, кои во Србија организирале протести против премиерот Александар Вучиќ и наведе дека за тоа српските власти ја известуваат Македонија веќе две години.

За време  на крвавите настани од 27 април во Собранието на РМ, сведоци известија дека е забележано учество на најмалку еден човек, кој носел маичка на навивачите на белградски фудбалски клубов, познати по својата бруталност. Информацијата официјално не беше потврдена од ниедна домашна или странска институција.

Меѓутоа, српскиот шеф на дипломатијата додаде дека ноќта на 27 април, поточно крвавиот четврток немало српски граѓани во Собранието.Но, додаде дека некои, кои учествува во „најбруталниот упад во Собранието“,сега можеби се кријат во „јужните општини“ на Србија.

Разузнавачот Живаљевиќ бил еден од челниците на српската Служба за безбедност кога се случи атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, а пред да дојде во Скопје, поранешниот заменик началник на БИА бил претставник на БИА во српската амбасада во Загреб.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close