Стапи во сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стапи во сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева денеска во Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи. Со ова,  и официјално во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Договорот беше потпишан лани на 1 август од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Со ова практично завршува формалната постапка за стапување на Договорот во сила, по неговата ратификација во македонското Собрание на 15 јануари и на бугарскиот Парламент три дена подоцна.

Договорот е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година.

Би те интересирало и

Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она ...

ВРЗАНИ СМЕ ЗА ПАКЕТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРОБИ НА ПАРЧИЊА, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека со предлогот „Република Илинденска Македонија“, целта ...