Старец се удавил во Дебарско Езеро

Седумдесет и осумгодишниот Ј.Ј. од дебарското село Голем Папрадник вчера попладне бил пронајден починат кај Дебарското Езеро во близина на брегот на место викано „Мочово Поле“.

Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од судска медицина. Истата настапила како последица од давење во вода. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Дебар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...