Старицата во Охрид ја убил нејзин сосед од Куманово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Старицата во Охрид ја убил нејзин сосед од Куманово

Осомничениот за убиство на шеесет и седумгодишната, Спаса Бојоска во Охрид, кое се случи завчера е пронајден и е лишен од слобода – соопшти Јавното обвинителство.

Станува збор за маж од Куманово, кој живеел во иста станбена зграда со жената што ја убил  и се познавал со неа. Откако ја убил, тој заминал за Куманово со намера да избега од државата.

Охриѓанката била убиена на чекор од семејниот дом на улица „Галичица“. Убиецот со неколку убоди од нож ја заклал жената пред вратата, констатирале патолозите од Институтот за судска медицина, но и крим-вештаците на МВР.

Од џебот од јакната ѝ го зел клучот, ја отворил вратата и ја внел внатре. Потоа почнал да пребарува по станот надевајќи се на богат плен. Откако украл тоа што мислел дека вреди, тој избегал.

Убиството на Бојоска, која инаку ја примала пензија од починатиот сопруг кој работел во Германија, е откриено во понеделникот вечерта откако роднините се загрижиле зошто нивната блиска не одговарала на телефонските повици.

Низ градот може да се забележи засилено полициско присуство, а на една локација во центарот со полициска лента обезбедени се два контејнери, но нема официјална потвра дали тоа има некаква поврзаност со актуелниот случај или се работи за нешто сосема друго – пренесува порталот Ohrid news.

Од почетокот на 2017 СВР Охрид регистрирала три кривични дела разбојништво, од кои едно во непосредна близина на местото каде се случи убиството.

 

Би те интересирало и

Министерството за труд поднесува кривични пријави против свои вработени

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната ...

Струмичанец преку Фејзбук заработил пари, а не платил данок

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. (25) од Струмица поради постоење ...