Старица настрада во пожар во Охрид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Старица настрада во пожар во Охрид

Повозрасна жена настрадала во пожар што утрово избувнал во стан во зграда на улицата „Туристичка“ во Охрид.

Пожарот бил пријавен од соседите во 7:05 часот во Територијалната противпожарна единица, која веднаш интервенирала локализираќи го пожарот и спречувајќи негово ширење кон другите станови во зградата. Жената веднаш била префрлена во Oхридската болница каде била констатирана смрт.

Првичните информации укажуваат на несреќен случај, а пожарот најверојатно бил предизвикан од догорче од цигара.

Би те интересирало и

18 годишна девојка украла пари и злато од својот дом

18 годишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена за кражба која ја извршила в ...

Синот осомничен за убиство на 62 годишниот штипјанец

Синот заедно со негов пријател го убиле 62 годишниот штипјанец Т.Б, велат првичните сознанија од ...