Стефановски остана без подиум на првата трка во Португалија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стефановски остана без подиум на првата трка во Португалија

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе остана без подиум на првата трка во Вила Реал, Португалија поради крајно неспортски потег на домаќинот Жозе Родригез.

Првопласиран беше чешкиот возач Петр Фулин, а зад него заврши сонародникот Норберт Наѓ. Третото место му припадна на Португалецот Жозе Родригез, кој во последниот круг ја скрати кривината и потоа удри во возилото на Стефановски.

Иџе заврши на четвртото место, со заостанување од три и пол секунди во однос на Родригез.

Организаторот најави истрага на индицентот кој го предизвика португалскиот возач.

Би те интересирало и

Маверик Вињалес останува во Јамаха до 2020 година

Шпанецот, Маверик Вињалес, третопласиран во минатогодишниот Мото ГП шампионат, го продолжи својот договор со Јамаха, ...

Прилеп престојниот викенд домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Во деновите на викендот 21-ви и 22 октомври Прилеп ќе биде домаќин на вториот по ...