Стејт департмент: Примирјето во Сирија е прв чекор кон подобар договор – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стејт департмент: Примирјето во Сирија е прв чекор кон подобар договор

Постигнатиот договор меѓу САД, Русија и Јордан за примирје во југозападниот дел на Сирија е прв чекор кон посолидна спогодба, изјави висок претставник на Стејт департментот.

„Тоа е прв чекор кон она што го планираме како покомплексен и солиден договор за прекин на огнот и деескалација во југозападниот дел на Сирија“, истакна американскиот претставник.

САД и Русија вчера постигнаа договор за прекин на огнот во овој дел на Сирија, кој би требало да стапи во сила утре на пладне по локално време во Дамаск. Можно е Вашингтон да испрати свои набљудувачи, кои ќе го следат спроведувањето на договорот за примирје.

Една од целите на примирјето е САД, Русија и Јордан „да го искористат своето влијание врз сите инволвирани страни во конфликтот, со цел да прекинат борбите“, нагласи високиот претставник на Стејт департментот.

Би те интересирало и

Пожар во Поморскиот музеј во Џакарта

Во една од трите згради на Поморскиот музеј во главниот град на Индонезија, Џакарта вчера ...

ЕУ му прогласи војна на пластичниот отпад

Европската унија во борбата против загадувањето вчера ги обелодени плановите сите пластични пакувања во Европа ...