Стив Џобс пред точно 34 години го претстави револуционерниот уред – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стив Џобс пред точно 34 години го претстави револуционерниот уред

Пред 34 години, Стив Џобс со лептир машна гордо стоеше позади коцкастиот компјутер наречен Macintosh кој го претстави пред јавноста.

Macintosh беше претставен во “Flint Center” во Калифорнија, на 24-ти јануари 1984 година. Сепак, фамозниот Macintosh не е првиот компјутер кој пристигна од компанијата “Apple”. Тоа свечено место го зазема “Apple 1” кој излезе во јули 1976 година.

Интересно е дека првата ТВ реклама за првиот Mac која била премиерно емитувана во текот на полувремето на “Super Bowl” ја режирал Ридли Скот, човекот кој е одговорен за “Alien”, “Blade Runner” и “Gladiator”.

Apple Macintosh го добил своето име по видот на јаболка кој тогаш вообичаено се одгледувале во Канада. Името на сортата е всушност McIntosh. Сепак, од сè уште нејасни причини, оригиналното име на овој компјутер требало да биде Bicycle.

Преземено од: USB.mk

Би те интересирало и

Странците ги издвоија десетте најубави македонски јадења

Македонското тавче-гравче, ајварот и мусаката, како и неколку други традиционални македонски јадења, се промовирани на ...

Зелените и црвените човечиња од семафорите во Тајван добија девојки

Новите семафори за црвено прикажува анимиран маж како запросува девојка, а за зелено прикажува двојка ...