Стинг ќе подари 100.000 евра за бегалците во Шведска

Британскиот музичар Стинг денеска најави дека на здружението за помош на млади бегалци во Шведска ќе им подари 100.000 евра, кои ги доби како шведска музичка награда „Полар“.

Стинг (65), познат по борбата за човековите права, како и американскиот музичар Вејн Шортер, во февруари ја освоија наградата „Полар“ и по 100.000 евра.

„Чест ми е да ја добијам музичката награда ‘Полар’ оваа година, но уште поголемо задоволство е тие пари да ги дадам за проектот на младите Швеѓани Сонглајнс“, наведе Стинг. „Сонглајнс“ е шведско здружение кое им помага на бегалците, посебно од Авганистан, Еритреја и Сирија да се интегрираат во шведското општество преку музика.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Владините агенции во САД добија наредба да го отстранат „Касперски“

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им наложила на владините агенции во земјата да ...

Во Велес приведени седум лица поради производство и пуштање во промет дрога

Велешката полиција приведе седум лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Close