Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од каде порача дека НАТО сака да ја види Македонија како просперитетна земја.

Тој рече дека членството во НАТО зависи од решавањето на повеќе проблеми меѓу кои и проблемот со името, кој според него, не и’ тежи само на Македонија туку и на целиот регион.  Потсети дека лани Црна Гора стана 29 членка на НАТО и порача дека пред седиштето има простор за уште знамиња.

Обраќањето на Столтенберг беше и причина за враќањето на опозициската ВМРО ДПМНЕ во Собранието. При тоа, Столтенберг оцени дека однесувањето на опозицијата е од суштинско значење, како и дека клучна улога има граѓанскиот сектор.

Столтенберг денеска во 16 часот ќе се обрати на заедничка прес конференција со премиерот Заев.

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...