Столтенберг: НАТО нема да влегува во војна против Исламска држава

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека државите членки на Алијансата дискутираат дали треба да се придружат на коалицијата која се бори против „Исламска држава“. Тој инсистира дека НАТО не сака да испрати трупи во борбата против исламистите и оти сè уште не е донесена никаква одлука.

 Според „Асошиејтед прес“, се очекува претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на средбата со претседателите на држави и влади членки на Алијансата во Брисел, која ќе се одржи на 25 мај, да се обиде да изврши притисок на НАТО, со цел Алијансата да направи нешто повеќе во врска со борбата против екстремистите во Сирија, Ирак и Авганистан.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

САД предвидуваат Ѕидот на плачот да остане во Израел

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со ...

Палестинска ракета наместо во Израел заврши на Газа

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион –  ...