Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го акцентираше решавањето на проблемот со името на прес конференцијата во Владата.

Нема план Б. Спорот за името мора да се реши –  порача Столтенберг, според кој, ова е еден од условите кои Македонија треба да ги исполни за да стане членка на НАТО Алијансата. Тој рече дека е добро да се биде амбициозен, но и дека НАТО ги заснова своите одлуки на консензус:

„Се’ додека има една земја која ќе ја блокира одлуката нема да биде донесена одлуката. Ако вашите напори ги потпирате на лажни претпоставки дека може да се приклучите кон НАТО без да се реши името, вашите напори ќе бидат залудни. Ги поздравувам обновените напори за решавање на ова прашање, потребен е пагматичен приод. Не му е место на НАТО да го решава прашањето со името, тоа треба да го направат Грција и оваа земја“.

Сепак, Столтенберг ги поздрави реформите кои се спроведуваат во Македонија по настаните во Собранието од 27 април.

Заев пак, рече дека посетата на Столтенберг е охрабрување и оцени дека 2018 ќе биде клучна година за Македонија. Според Заев, во 2008 година вратите на НАТО останале затворени за Македонија, по што, како што рече тој, почнала најголемата политичка криза во земјава. Тој информираше дека секоја година буџетот за одбраната ќе се зголемува за 0,2 проценти од БДП, бидејќи како што истакна претходно Столтенберг, вложувањето во одбраната е исто така од клучно значење за приклучувањето кон Алијансата.

Столтенберг и Заев се осврнаа и на безбедноста во регионот, осудувајќи го убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...