Стопанската комора отвора бизнис центар за поддршка на претприемачки идеи

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска промовираше бизнис ХАБ во кој ќе се нудат услуги и стручна поддршка за реализирање бизнис идеи на млади, жени претприемачи и жени од помалку развиените региони во Македонија. Целта е да се намали невработеноста и да се обезбеди нивна финансиска независност. Предвидено е Create Hub да понуди работен простор во цела Македонија, консултации со стручни лица, обуки и сeминари, менторство, вмрежување и олеснет пристап до алтернативни извори на финансирање.

Според Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, новиот бизнис простор ќе овозможи услови и алатки за едукација и вмрежување на младите претпримачи, развој на иновациите и зајакнување на бизнисите.

„ Тоа ќе биде место во кое ќе одговориме на проблемите што со години сме ги разговарале за нерамномерен регионален развој, со зголемување на невработеноста, со миграција на младите и со неможноста младите воопшто да се занимаваат со бизнис и да ја креираат својата иднина. Мораме да креираме простор на сите оние кои се уште веруваат дека нивната иднина е во бизнисот а не во јавната администрација и во другите сектори, да ги покажат своите идеи, а ние да им помогнеме за да растеме заеднички и да ги изнесеме на пазарот во Македонија и надвор“, изјави Битиќи.

Отворањето на бизнис просторот е поддржано од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Свисконтакт и локалниот партнер ПРЕДА плус.

 

Стефан Томаџан, заменик-шеф на мисијата на швајцарската Амбасадата во државава истакна дека Швајцарија е силно посветена на поддршка на претприемништвото во Македонија, каде, како што потенцира, има голема претприемничка енергија.

„Убеден сум дека ако ја добијат соовдветната поддршка можат да станат двигатели на економијата“, рече Томаџан.

Додади коментар

Би те интересирало и

АД ЕЛЕМ од 2012 до 2017 година за ископ на јаглен на надворешни фирми им исплатило 212 милиони евра

Претходното раководство на АД ЕЛЕМ во периодот од 2012 до 2017 година потрошило 212 милиони ...

ЕВН почнува со усогласувањето на броилата за евтина струја

ЕВН од денеска ќе започне со усогласување на броилата за евтина тарифа на струјата и ...

Close