Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Четврти дел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Четврти дел

Со што се роди 24 Вести?

Во 2007 година, тогашниот  Совет за радиодифузија (сегашна ААВМУ) на чело со Зоран Стефановски и раководителот на Координативното тело за заштита на интелектуалната сопствесност Мите Костов, побараа од концесионерите за кабелска телевизија да го регулираат авторското право, односно да им платат на домашните радиодифузери, со што треба да ги изедначат со странските канали.

Кабелските оператори беа должни да склучат договор со Здружението АПЕММ, како застапник на радиските и телевизиските права. Во тоа време се претпоставуваше дека има 100.000 претплатника на кабелските оператори. Сегашна информација  е дека се работи  од 460.000 до 500.000 претплатници за сите кабелски оператори вкупно. Тогаш АПЕММ бараше надоместок од 1 германска марка за домашните канали за нивно вклучување во пакетот на кабелските оператори, на име авторски права за кебелско реемитување.

Преговарач беше  СИЗ “МК НЕТ”, предворена од Лидија Голубова, Роби Инженеринг и Владо Милановиќ , кои правеа се’, само не дојде до регулирање на правата,  да продолжат да пиратат на сметка на домашните радиодифузери.

Мотивот да се избегне плаќањето не беа само авторски права. Транспарентноста на бројот на приклучоци значеше и плаќање на 1 евро за мониторинг на СРД и АЕК, а секако и ДДВ од 18 %, што како вкупен износ на наплаќање значеше огромна сума на добивка за кабелските оператори. Тоа значеше богатење на кабелските оператори, кои наидоа на симпатична сива зона на неплажање обврски кон државата.

Овие правни преговори завршија со обид за убиство на претседателот на АПЕММ, Горан Гаврилов, кој беше главен преговарач во името на сите македонски медиуми.

Ова прашање на авторските права и нивната кражба остана отворено до ден денешен.  ТВ Сител, од некои чудни мотиви, со кабелските оператори потпиша договор за бесплатно емитување, со што пропадна и сојузништвото на националните телевизии, кои изгубија приход од авторски права.

Сега прашањето се враќа назад, бидејки ЕУ, ОБСЕ и Советот на Европа бараат од Македонија да бидат строго почитувани авторските права, колективни и поединечни.

На оваа тема се одржа конференција на 23.06.2017 година,  во организација на МИМ во Скопје.

На оваа конференција беше презентирано хрватското и словенечкото искуство, кое кажува дека 17 % од приходот на телевизиите е од авторски права. Ова со години го бараат петте македонски национални телевизии, по пример на Хрватска и Словенија.

Иван Мирчевски, директор на Канал 5 во неколку наврати го искажува револтот поради непочитување на авторските права, што државата и ААВМУ целосно го игнорираат.

-Во Македонија петте нацонални телевизии не добиваат ниту еден едиствен цент од кабелските оператори, кои ја пренесуваат нашата програма и заработуваат од своите претплатници. Овие „инкасатори“, кои собираат пари од нашата програма, тој приход не ни го даваат. Со тоа го уриваат нашиот кревок маркетингшки пазар,- е ставот на Мирчевски.

Новата влада на СДСМ заедно со министрите Роберт Поповски и Дамјан Манчевски ги предложија измените за Законот за ААВМУ, каде што чл. 143 глава 5. за принципот must carry, стои дека кабелскиите оператори мора да ги реемитуваат националните телевизии и радија, врз основа на договор, што ќе регулира плаќање за авторски права.

На јавната расправа за законските измени одржана на 20-ти Ноември, министерот Дамјан Манчевски потврди дека овој член ќе остане.

Кој си ја има мувата на капата, кој се јави за збор?

Лидија Голубова на јавната расправа се претстави како правен застапник на ТВ 24 ВЕСТИ и кабелската телевизија Роби, што предизвика реакција кај присутните, затоа што не се крие дека тие се еден субјект, а таа ги претставува двете.

Барањата беа во колизија едни со други, со најчест конфликт на интерес, при што едно бара за телевизијата, а спротивното за кабелскиот оператор.

Клучното барање на Голубова е да не се изгласа членот 143, ставот за must carry, за почитување на авторските права.

Голубова рече дека би сакала да остане како што е, а телевизијата и’ служи како одбрана на главнот бизнис на Роби. Ништо ново, исто како во деведесетите на минатиот век.

Која е намерата и кој е националниот интерес на државата да ги фаворизира петте национални телевизии коишто емитуваат програмски содржини  од општи формат преку дигитален теристријален мултиплекс. Прашањето е зошто одредени телевизии коишто емитуваат квизови, турски серии, кујни се нод национален интерес, а не телевизии коишто од едукативен карактер, речеГолубова.

 

Која е Лидија Голубова ?

Правничката Лидија Голубова во телекомуникациите влегува преку здружението на кабелските оператори –  СИЗ “МК НЕТ”, кое ги обединува сите кабелски оператори, вклучувајчи ја и Роби Телекабел. Роберт Димитров и’ овозможува работно место на Голубова како застапник на здружението. Следи надгласување на Димитров во здружението и доаѓа нов директор. Се формираат уште две паралелни здруженија – едно што ги обединува кабелските оператори на Источна Македонија и едно за Западна Македонија. Голубова го води здружението во Источна Македонија. Димитров и неговата кабелска телевизија Роби, остануваат сами против сите. Овој раскол меѓу кабелските оператори се одразува и врз ТВ 24 ВЕСТИ. Поради јавната тајна за сопствеништвото и поврзаноста на Роби, до неодамна поголемиот дел од кабелските оператори одбиваа да ја емитуваат ТВ 24 ВЕСТИ. Од Асоцијацијата на кабелски оператори Мактелко од Западна Македонија потврдија дека до скоро не ја емитувале ТВ 24 ВЕСТИ, бидејќи знаеле чија е.

Од друга страна, за да ја намали конкуренцијата на ТВ 24 ВЕСТИ, Роби не емитува некои од македонските телевизии. Вклучувањето во пакет телевизии, Роби го условува со плаќање, додека другите кабелски оператори емитуваат бесплатно, знаејќи дека е тоа законска обврска. Роби има своја политика на ограничување на конкуренција и индиректно финансирање на својата телевизија од проиход од реемитување на други македонски телевизии. ТВ Нова на Сеад Кочан склучи годишен договор за реемитување со Роби во износ од 50.000 евра! Истата сума Роби ја бара и од ТВ 21, чии сопственици одбиваат да платат толку голем износ. Оваа телевизија има ограничено реемитување на територијата на РМ, иако има национална дозвола, одбивајќи го рекетот од Роби. Ова условување предизвикува турбуленции во новата владина македонско – албанска коалиција, ставајќи ја пред нов предизвик.

Од овие причини законодавецот, забранил кабелски оператор да има радоиодифузна организација, со цел да го избегне овој страшен конфлик на интерес.

Би те интересирало и

Загадениот воздух убива седум милиони луѓе годишно

Светот не напредува во борбата против загадувањето на воздухот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена ...

Модерната технологија корисна но и штетна

Просветните работници се почесто алармираат дека децата прекумерно користат модерни технологии до граница на зависност. ...