Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Пети дел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија-македонски ендемски вид – Пети дел

Трајчевски и ААВМУ со години прават кршење на законот од моментот кога Роберт Димитров од Дарко Гелевски – Брејк ја презема телевизијата Плеј (ТВ МНЦ медиа) и ја трансформира во ТВ 24 ВЕСТИ Вести со информативен формат.

Секако, Димитров не стои никаде како сопственик, туку низ годините се менуваат неколку управители, за на крај во последната тековна состојба, да биде формирана подружнца во Скопје во Општина Гази Баба. За овластено лице е именуван Зоран Анастасовски.

Седиштето на компанијата е на ул Железничка бр 12, во Штип, во објектот на некогашен Елмар, фирма купена од Димитров.

Кој се’ ја управува ТВ24?
Кога е формирана телевизијата МНЦ управител е скопјенецот Драган Чурлиновски, и ова име останува, се’ додека ТВ 24 ВЕСТИ не ја презема австриската компанија Кабле 24, а за управител е поставен Тони Гравчевски со адреса во Скопје. Истата година доажа нов управител новинарот во ТВ 24 ВЕСТИ Вести, Љупчо Цветановски. Тој останува неполна година, кога го заменува Јасминка Стојановска, маркетинг агент во телевизијата. Стојановска останува како управител на телевизијата се’ до мај 2016 година, кога ја заменува Зоран Атанасовски. По оваа промена следи преселба на дел од кадарот од проектот 360 степени на Алсат М, Младен Чадиковски доаѓа како уредник и со себе носи група на некогашни новинари на згасната ТВ А1. Советиникот на уредникот, пензионираниот новинар Зоран Иванов, некогашен директор на МИА во време на СДСМ, си заминува од телевизијата.

Трајчевски и ААВМУ удоволуваат на барањата за неколку промени, каде во секоја прилика имале можност да ја проверат сопственоста и недозволената концентрација и свесно правеле кривично дело.
Во 2015 година е променет форматот на телевизија и од телевизија со информативен формат преминува во општо информативен. Телевизијата не може да го издржи товорат на процентот на информативна програма, што е и финансиски товар. ТВ 24 ВЕСТИ, според Анализата на пазарот на ААВМУ никогаш до сега не работела со добивка, туку постојано прикажувала загуби.

Во 2012 година загубата е 33,49% , за во 2016-та да падне на 9,61 отсто. Помалата загуба може да се препише на добриот прилив од политичко рекламирање за време на Предвремените парламентарни избори 2016. ТВ 24 ВЕСТИ успеала да заработи 8,3 милиони денари од партиите, од кои 6,6 милиони платила СДСМ.

http://www.dksk.org.mk/images/Predvremeni_parlamentarni_izbori2016/trgovsko%20radiodifuzno%20drustvo%2024%20vesti%20dooel%20podruznica%20skopje.pdf

Зошто да имам телевизија?

Зошто некој би сакал телевизија, која со години реди загуби? Одговорот е еден – во желбата за кокетирање со власта и политичко влијание за одржување на другите бизниси. Имено, покрај телевизискиот бизнис, Димитров има и кабелска телевизија, влезе и во градежиштвото, како коинвеститор во станбена зграда, угостителството, во секторите на телекомуникации и ред други. При тоа, успешно ги негува непристојните врски со локалната власт, независно која политичка партија владее. Така, со еден градоначалник договараше ослободување од комуналии на сметка за разубавување фасади, градење на потпорен ѕид и тротоари, а за возврат општински привилегии. Сето тоа успешно спакувано во сликата на добродател, хуманитарец за доброто на Штип и неговите граѓани. Тој однос продолжува и понатаму.

Но, да се вратиме на тоа што пропушти да го направи ААВМУ и нејзиниот директор.

Зоран Трајчевски има законска обврска да ја испита финасиската поврзаност помеѓу едно или повеќе правни лица кои доколку остваруваат повеќе од 25 % од вкупниот промет. По дефиниција тоа се поврзани лица и може да ја загубат дозволата.

Телекабел се јавува како еден од најголемите огласувачи во ТВ 24 ВЕСТИ, што можел Трајчевски да го утврди преку мониторинг и преку анализа на нејзиното финансиско работење. Само еден поглед ќе открие како огласувачот Телекабел ги покрива загубите од работењето на ТВ 24 ВЕСТИ Вести.

Дали „новите сопственици“ се охрабрија од преземањето на власта и победата на СДСМ на локалните избори, па решија да излезат од сенка?

ААВМУ не реагира ниту на преставката за недозволена концентрација и деловната поврзаност меѓу Телекабел, Роби инжинеринг, Роби инвест, Елмар и Енџелс ФМ. Наместо реакција, во 2015 година, кога настапи реиздавање на дозволите на радидифузерите, на радио Енџелс му овозможи да се регистрира како што сака. Со ова Зоран Трајчевски и ААВМУ ја игнорираа должноста да се грижат за разновидноста во радидифузијата и удоволија на бизнис интересите.

Би те интересирало и

Економскиот раст и развој во стапицата на медиокритетската средина

доц. д-р Марјан Николов Загрижува што и новата Влада продолжува со програма за економски раст ...

Се редат „бисерите“ на директорот на ААВМУ

Нови „бисери“ од ризницата на директорот на агенцијата кој треба да ги регулира радиодифузерите во ...