Стотици пожарникари се борат со огнена стихија близу Сиднеј – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стотици пожарникари се борат со огнена стихија близу Сиднеј

Стотици пожарникари гаснат шумски пожар што изби на периферија на Сиднеј, каде температуриата е невообичаено висока за ова време од годината, соопштија властите.

Полицијата отвори истрага за причините за пожарот што изби во саботата попладне, југозападно од Сиднеј.

Во пожарот изгореа 2.430 хектари шума, околните домови се евакуирани, и засега нема извештаи за жртви.

Во Австралија овие денови температурата е околу 30 степени Целзиусови што е необично топло за есен во државата. Летото, исто така, беше топло и суво.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Ирачки авиони извршија напади врз позиции на ИД во Сирија

Ирачкото Воено воздухопловство во координација со сириската армија, денеска изврши напади врз позиции на џихадистичката ...

Белгиски фирми извезувале забранети хемиски супстанци во Сирија

Три белгиски фирми се обвинети дека помеѓу 2014 и 2016 година во Сиријаи спратиле 96 ...