СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС ја погоди Италија, половина град исчезна под рушевините – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

СТРАШЕН ЗЕМЈОТРЕС ја погоди Италија, половина град исчезна под рушевините

57bd3592c3618801178b4663

Најмалку шест луѓе загинаа во земјотрес што го погоди утрово централниот дел од Италија. Во земјотресот урнати се голем број куќи, јавуваат локални медиуми.

Епицентарот бил близу градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Потресот се случил во 3:36 часот по локално време.

Најсилно погодени се местата Акумоли, Аматриче, Поста и Арката дел Тронто, соопшти Лука Кари, претставник на противпожарна бригада, и додаде дека службата веќе испратила хеликоптери да ги проценат штетите. Изворите велат дека најгусто населените подрачја не се меѓу најпогодените.

Градоначалникот на гратчето Аматриче, Серџо Пироци изјави дека штетите се огромни.

– Половина град го нема, изјави тој за РАИ.

Би те интересирало и

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...

Илјадници жени протестираа против Донлад Трамп

Голем протест на жените се одржа во Лос Анџелес една година по изборот на Доналд Трамп ...