Стресот предизвикува проблеми со помнењето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стресот предизвикува проблеми со помнењето

Шведско истражување покажало дека стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје и може да предивика сериозни и хронични проблеми со помнењето.

Четиригодишното истражување опфатило над 1.000 лица на возраст од 40 до 79 години, од кои повеќето се жалеле на проблеми со меморијата. Заклучоците на научниците укажуваат дека дури 90 проценти од пациентите немале никакви хемиски или физички промени во мозокот што би укажале на појава на сенилност. Но, затоа, пак, 70 проценти од пациентите биле изложени на интензивен стрес, хроничен замор или депресија.

Се покажало дека стресот придонесува за лачење адреналин, кој го подобрува помнењето на кус рок, но доколку ваквата состојба трае долгорочно, тогаш телото лачи кортизол, кој ни ја попречува можноста јасно да расудуваме и размислуваме.

Со тоа, според шведските научници, симптомите на кои се жалеле лицата што учествувале во истражувањето не се предизвикани од староста или сенилноста, туку потекнуваат од високото ниво на стрес.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...