Стресот предизвикува проблеми со помнењето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Стресот предизвикува проблеми со помнењето

Стресот има сериозно негативно влијание врз менталното здравје и може да предивика сериозни, хронични проблеми со помнењето. Ова го покажува едно ново шведско истражување, кое траело четири години опфаќајќи над 1.00 лица на возраст од 40 до 79 години, од кои поголем број се жалелел на проблеми со меморијата.

Научниците заклучиле дека дури 90 проценти од пациентите немале никакви хемиски или физички промени во мозокот кои би укажале на појава на сенилност. Но, затоа пак, 70 проценти од пациентите биле изложени на интензивен стрес, хроничен замор или депресија. Се покажало дека стресот придонесува кон лачењето на адреналин кој го подобрува помнењето на кус рок, но доколку ваквата состојба трае долгорочно, тогаш телото лачи кортизол кој ни ја попречува можноста јасно да расудуваме и размислуваме.

Со тоа, според шведските научници, симптомите на кои се жалеле лицата кои учествувале во истражувањето, не се предизвикани од староста или сенилноста, туку потекнуваат од високото ниво на стрес.

Би те интересирало и

Газираната вода е корисна за организмот

Конзумирањето газирана вода може да биде корисно за организмот на повеќе начини, бидејќи помага при ...

Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите – Туширањето со ладна вода нуди низа придобивки

Туширањето со ладна вода претставува еден вид хидротерапија, која овозможува бројни здравствени придобивки. Ладната вода ...