Струјата поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава.Притоа, донесена е одлука од 1 јули цената на електричната енергија да поевтини за 0,25 проценти.

Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвителна седница ги разгледа предложените одлуки за нови регулирани цени и тарифи за електрична енергија кои ќе важат од 1 јули годинава. Со нив се предлага зголемување на производствената цена на ЕЛЕМ за 0,05 отсто во однос на сегашната цена. На преносниот оператор МЕПСО тарифата за пренос му се намалува за 6,3 отсто.

На ЕВН- Електро дистрибуција тарифата му се намалува за 5,89 отсто, додека на ЕВН-Снабдување наместо бараното зголемување за 6 отсто му се одобруваат само 0,1 отсто.

Според пресметките на Регулаторната комисија, овие промени во тарифите ќе резултираат со намалување на просечната цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата за 0,25 отсто во однос на досегашната цена.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Компаниите бараат стабилна политичка состојба за да инвестираат

Политичките турбуленции во државата последните две години влијаеја на сигурноста на инвестициите. Секогаш ќе има ...

Путин ја одобри дигиталната рубља

Рускиот претседател, Владимир Путин даде одобрение за издавање крипто-валута што ќе се вика КриптоРубља. Тоа ...