Студентите од Стоматолошки со писмо бараат Јанкуловски да го прифати Ивановски за декан

Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се почитува волјата на мнозинството професори, студенти и специјализанти, односно да се прифати кандидатурата на проф. д-р Ќиро Ивановски за Декан на факултетот.

-Одлуката со која назначивте в.д. декан ја донесовте без да истакнете конкретна, аргументирана причина, а со тоа го прекршивте член 54, став 1, алинеа 9 од Законот за високото образование. Целосно ја игнорирате одлуката на Наставно-научниот совет, а со тоа ја нарушувате автономијата на Стоматолошкиот факултет – стои во писмото на студентите до ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски.

Според нив, Јанкуловски треба да постапи според Законот за високо образование и да ја прифати кандидатурата на Ивановски бидејќи ужива поддршка од мнозинството професори, студенти и специјализанти. Тие велат дека силно веруват дека одлуката треба

Барањето е подржано од 220 студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет.

Инаку, на 12 декември 2016 година вработените на Стоматолошкиот факултет со мнозинство гласови утврдиле дека единствен кандидат за декан ќе биде проф. д-р Ќиро Ивановски.

„Бидејќи во согласност со законот и статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто цели пет месеци ја игнориравте нашата волја и зошто незаконски постапувате? Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте д-р Мирјана Поповска, редовна професорка на Стоматолошкиот факултет? Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет?“, прашуваат во отвореното писмо наставниците на факултетот.
Претходно и професорите испратија писмо до Ректорот, а на него се потпишаа:
1. Ќиро Ивановски, с.р.
2. Георгиева Силвана, с.р.
3. Апостолска Соња, с.р.
4. Капушевска Билјана, с.р.
5. Мира Јанкуловска, с.р.
6. Славе Наумовски, с.р.
7. Маја Пандилова, с.р.
8. Снежана Пешевска, с.р.
9. Габриела Ќурчева Чучкова, с.р.
10. Лидија Кануркова, с.р.
11. Јанкуловска Евдокија, с.р.
12. Александар Грчев, с.р.
13. Алберто Бенедети, с.р.
14. Стевановиќ Марија, с.р.
15. Златко Георгиев, с.р.
16. Сотировска Ана, с.р.
17. Горѓиевска Елизабета, с.р.
18. Василка Ренџова, с.р.
19. Марија Пеева Петреска, с.р.
20. Весна Коруновска –Стевковска, с.р.
21. Величковски Борис, с.р.
22. Сашо Еленчевски, с.р.
23. Jaдранка Бундевска,с.р.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...