Студенти подготвуваат универзитетски штрајк во Каталонија

Каталонските студенти повикаа в четврток да се организира универзитетски штрајк, со кој се надеваат дека ќе извршат притисок врз регионалните власти да објават независност на Каталонија.

Движењето „Универзитети за Републиката“ организираше неколку штрајкови и протести во текот на изминатиот месец, откакто регионалната Влада на Каталонија и шпанските централни власти се конфронтираа поради референдумот за независност, кого шпанскиот Уставен суд го прогласи за незаконски.

„Универзитети за Републиката“ соопшти дека штрајкот в четврток  има за цел да ги повика властите во Барселона да прогласат создавање каталонска република и да ги заштитат нејзините институции.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...