Студот ја однесе првата жртва во Албанија

City Park Cold Park Snow Winter Russia Forest

Во Албанија е регистрирана првата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови. Станува збор за лице на возраст од околу 35 години,  евидентиран  како бездомник, кој најчесто пресојувал во населбата бр.17 во пристанишниот град Драч. Според жители на населбата, тој бил лице со психички проблеми.

Во врска со настанот реагираше и Народниот правобранител, Игли Тотозани, кој искажа длабоко жалење за загубата на животот на еден бездомник.

„Ова е човечка трагедија, која предупредува. Локалните функционери не треба да чекаат бездомниците или сиромашните да ги заземат  нивните канцеларии туку да излезат на терен заедно со своите вработени за да ги идентификуваат луѓето кои имаат потреба и да им пружат помош и засолниште“, истакна Тотозани.

Инаку, целата територија на Албанија е закована во снег и студ. Ноќва регистрирана е темпераура од минус 21 степен. Дебелината на снежната покривка во одделени населени места, посебно во подрачјата на Кукс, Скадар, Пук, Пешкопеја, Корча достигнува и до 1,5 метри. Проблеми има во нормалното снабдување со електрична енергија, многу села се сеуште завеани а движењето по националните патишта е неможно без синџири

Додади коментар

Би те интересирало и

Ерjaвец: Хрватска не заслужува да влезе во Шенген зоната

Словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерjавец во писмо до Европската комисија наведува дека Хрватска ...

Тачи: Партиите што побрзо да изнајдат формула за формирање стабила Влада

Косовскиот претседател, Хашим Тачи за „Гласот на Америка“ изјави дека за доброто на земјата политичките ...

Close