Субвенции од 31 милион денари за домашна документарна и играна програма

Трговските радиодифузни друштва, националните телевизиски куќи и јавниот радиодифузен сервис за производство на домашна документарна програмата и домашна играна програма за 2017 година ќе добијат буџет од 31 милион денари.

„Одлуката за максималниот износ на надомест за покривање на трошоците за производство на домашна документарна програма и домашна играна програма ја донесе Владата на последната седница“, информира денеска на прес-конференција заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски.

Државата исплаќа надомест за покривање 50 проценти од трошоците  при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис од 2014 година.

„Телевизиските радиодифузери при доставување предлог проект треба да ги имаат предвид одредбите од Уредбата за структура на трошоците, како и одлуката за максималниот износ на надоместот за покривање на трошоците во висина од 50 проценти при производство на домашна документарна и домашна играна програма. Работата е максимално транспарентна, објективна, без фаворизирање, а единствените  критериуми се почитување на професионалните стандарди и обезбедување комплетна документација која се бара за аплицирање со јавниот повик“, рече Муцунски.

За изборот на проектите кои ќе бидат субвенционирани, одлучува меѓуресорска комисија во која членуваат стручни кадри од министерствата за култура, информатичко општество и администрација, и за финансии, агенциите за филм и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Управата за јавни приходи, Канцеларијата на претседателот на Владата на РМ.

Надоместот за покривање 50 проценти од трошоците при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис се утврдува согласно член 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски политики.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close