Сугарески: Забележани пропусти и на патот Прилеп – Градско

Откако укажа на изборот на несоодветна траса при изградбата на автопатот Кичево – Охрид, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски денеска информира дека се воочени проблеми и во проектот за изградба на експресниот пат Прилеп – Градско.

Слични проблеми како оние на автопатот Кичево – Охрид се забележани и при изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско. Има проблем и со наплатата на средства, коишто треба да ги исплати Јавното претпријатие за државни патишта, соопшти денеска министерот Сугаревски.

„Во неделата бев во посета на автопатот Кичево – Охрид каде се работи со минимален интензитет во делот на бетонските работи. Проблемот со свлечиштето коешто е појавено на патот Кичево – Пресека е сериозен така што тоа не може да се реши со ад хок решение“, нагласи министерот.

Тој посочи дека за автопатот Кичево – Охрид најверојатно ќе треба да се исплатат дополнителни средства и најави сериозна анализа на сите делници кои се градат во државата

„По последната пресметка којашто ја има надзорот направено, под 120 милиони евра нема да биде таа, можеби и повеќе. Она што опозицијата во моментот го претставува дека треба само да се гради, очигледно нема да биде можно“, истакна Сугарески при денешната прва средба со претставници на Комората на овластени архитекти и инженери.

Тој додаде дека во неговиот ресор, со ребалансот на буџетот ќе бидат скратени средствата од непродуктивните трошоци:

„Ќе се крати од сите непродуктивни трошоци кои се однесуваат на купување мебел, возила….Некои стапки ќе бидат сведени на нула“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close