Судењето за „Монструм“ стартува од почеток – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Судењето за „Монструм“ стартува од почеток

Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува повторното судење за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година – објавува МИА.

Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.

На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.

Јавната обвинителка Лилјана Спасовска, побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Самил Љута.

По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Би те интересирало и

18 годишна девојка украла пари и злато од својот дом

18 годишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена за кражба која ја извршила в ...

Синот осомничен за убиство на 62 годишниот штипјанец

Синот заедно со негов пријател го убиле 62 годишниот штипјанец Т.Б, велат првичните сознанија од ...